X
 03.09.2019 Образование

Католичко училиште во САД го забрани Хари Потер

Католичко училиште во американската сојузна држава Тенеси ги отстрани книгите „Хари Потер“ од своите библиотеки бидејќи училишниот свештеник смета дека оние што ги читаат можат да повикуваат зли духови.

Свештеникот Ден Рихил од католичкото училиште „Сент Едвард“ консултирал „истерувачи на демони“ од САД и Рим и вели дека тие го советувале да ги тргнат книгите.

- Клетвите и обредите во овие книги се вистински клетви и обреди, кои кога еден човек ќе ги изговори, постои ризик да повика зли духови - образложи Рихил.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование