Популарната диета, односно начин на исхрана може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести и развој на рак, откриле истражувачите од Медицинскиот факултет „Маунт Синај“.
Научниците предупредуваат дека диетата која се заснова на одреден временски период на апстиненција од храна и со која се прескокнува појадокот, може да го загрози имунолошкиот систем и да го стави на поголем ризик од сериозни здравствени проблеми. Многу студии покажале дека важноста на појадокот е несомнена. Сепак, популарните диети засновани на временско ограничување – кога да се јаде (8 часа) и кога да не се јаде (16 часа) го доведуваат во прашање времето на овој оброк, честопати упатувајќи им на луѓето едноставно да го прескокнат.
Но, една нова студија предупредува дека оваа практика може да ја направи личноста посклона кон развој на срцеви заболувања и рак. Идејата за овој начин на исхрана се заснова на период на апстиненција од храна секој ден или консумирање само еден оброк дневно неколку дена во неделата. Новото истражување покажало дека прескокнувањето оброци, особено појадокот, предизвикува реакција во мозокот која ги оштетува клетките на имунолошкиот систем.
Периодот на воздржување од храна е здрав, но има долгорочни негативни ефекти
Водечкиот автор на истражувањето, д-р Филип Свирски од Факултетот „Маунт Синај“, вели дека постои растечка свест дека овој начин на исхрана е здрав и навистина има многу докази за неговите предности.
- Нашата студија дава јасни предупредувања бидејќи покажува дека има и негативен ефект од начинот на исхрана што подразбира период на апстиненција од храна, а носи и ризик за здравјето - истакнува д-р Свирски.
Доведува до намалување на моноцити кои се борат против инфекции. Научниците дошле до овој заклучок испитувајќи глувци поделени во две групи. Едниот појадувал веднаш по будењето, а другиот останал без појадок. Истражувачите потоа идентификувале разлика во бројот на моноцити - бели крвни зрнца во коскената срцевина кои се борат против инфекции, срцеви заболувања и рак.
Фото: Pixabay
На почетокот на студијата експерименталните глувци имале исто количество од овие крвни зрнца, но 90 отсто од нив исчезнале од крвотокот четири часа по периодот на постот во групата која не јадела појадок, а дополнително опаѓање било забележано по осум часа. Понатамошна анализа покажала дека одредени региони во мозокот го контролираат одговорот на моноцитите во периоди на лишување од храна и предизвикуваат глад како одговор на стресот.
- Студијата покажува дека, од една страна, ваквиот начин на исхрана го намалува бројот на циркулирачките моноцити, што може да се помисли дека е добра работа бидејќи овие клетки се важни компоненти на воспаленијата. Од друга страна, повторното внесување храна создава прилив на моноцити, кои се враќаат во крвта, што може да биде проблематично - објаснил авторот.
Диетата каде што се воздржуваме од храна одреден број часови го регулира овој процес на начини кои не се секогаш корисни за способноста на телото да одговори на предизвици како што е инфекцијата, појаснил Свирски.
Извор:
Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay