Мал број луѓе можеле да се скријат од овој познат убиец. Во дивите 90-ти, кога СССР бил пред колапс, платените убијци можеле да се најдат на секој чекор. Се убивало за ситни пари (и за 500 долари), меѓутоа, убиецот што ќе ви го претставиме во продолжение бил елита, а неговите жртви најчесто биле лидери на мафијашки кланови.
Александар Солоник, познат како Саша Македонски убил некои од најпознатите руски криминалци во 90-тите години. Го добил прекарот поради „пукањето на македонски начин“ (израз што влегол во рускиот јазик кон крајот на 19 век, а значи истовремено пукање од два пиштола или револвера.
Саша бил еден од најпознатите руски платени убијци кон крајот на минатиот век. Неговите злодела се опишани во 2 филма, 9 серии, 3 книги и многу документарци.
Роден во 1960 година, Македонски поминал добра воена обука во тенковската единица на советската армија кон крајот на 70-тите. Во раните 80-ти се вработил во полиција, но по шест месеци бил отпуштен поради сурово апсење. Се вратил во родниот Курган и се вработил како гробар.
На неговиот список со жртви се најпознатите руски мафијаши од 90-тите години. Некои извори велат дека тој никогаш детално не ги планирал убиствата и се раководел според својата интуиција. Некои ситуации докажуваат дека навистина било така.
По бранот ладнокрвни убиства, неколку апсења (трипати бегал од притвор), тој успеал да избега од затворот „Морнарска тишина“. Оттаму сто години никој не успеал да избега, за во 1995 година тоа да го направи Саша Македонски.
Полицијата го уапсила Саша Македонски во 1994 година и тој тогаш признал десетина нарачани убиства.
Во затворот подготвил план за бегство. Во него клучна била помошта на чуварот, за кого се зборува дека бил специјално ставен на тоа работно место или бил поткупен. Чуварот обезбедил алпинистичка опрема, пиштол и кукла која ноќта била поставена наместо Македонски во неговата постела. Убиецот и чуварот со помош на јаже се спуштиле од затворскиот покрив на улица.
Тој успеал да избега во Грција, каде што изнајмил куќа и живеел со својата 22-годишна девојка, Светлана Котова.
Македонски ги прекинал сите врски со своите работодавци и нивните односи се влошиле до таа мера што Саша ги користел нивните фотографии како мета за да вежба пукање. Искусниот убиец не размислувал дека неговата куќа ја следи, снима и прислушува не само грчката полиција, туку и руската мафија.
Лидерите на руската мафија одлучиле да не чекаат да ги нападне
Македонски и го испратиле вториот најпознат убиец - Саша Солдат. Тие двајца добро се познавале и Македонски отишол со девојката во куќата каде што престојувал Солдат со уште двајца „пријатели“.
Наскоро грчката полиција ги пронашла телата на
Македонски и Котова закопани на различни места. Саша бил удавен, а на Светлана ѝ ја скршиле подјазичната коска, а потоа ја распарчиле.