Станбениот комплекс „Turs Ailaud“ го изградил Емил Аило меѓу 1973 и 1981 година во рамките на француската општина Нантер, во близина на Париз.
Намерата на архитектот била да создаде
мини-град на иднината, чии бои и контури потсетуваат на природни форми.
Органите на градската власт го намениле овој станбен комплекс од 18 ката за сместување на граѓаните со ниски примања.
Формите и боите на овие зданија создаваат интересен градски пејзаж.
Нивна основна карактеристика е недостиг на агли.
Сите кули од комплексот се населени и ги имаат истата форма и функција што ги планирал архитектот пред 40 години.
Највисоката кула има 105 метри, а во 18 згради има вкупно 1.607 стана.
Иако поминаа четири децении, оваа архитектонска целина останува како некаков вид урбан споменик кој го привлекува вниманието на туристите и на фотографите.