X
 04.05.2017 Живот

Девет начини за справување со анксиозноста

Анксиозноста е честа појава во денешно време, со оглед на секојдневниот наталожен стрес кај многумина. Постојат неколку трикови со кои можете да ги намалите симптомите на аксиозност.

1. Слушајте музика

Многу студии потврдуваат дека музиката релаксира и смирува. Во моменти на анксиозност таа може многу да му помогне на мозокот. Следната песна е докажано дека ја намалува анксиозноста за 65 проценти.

2. Земете слободно време

Повремено избегнувајте ситуации кои ви предизвикуваат анксиозност, односно дистанцирајте се и направете пауза. Кратка прошетка ќе ве смири – и физички и психички.

3. Замислете го најлошото

Што е најлошото што може да се случи. Експертите сметаат дека замислувањето на најлошата рабоота го неутрализира стравот.

4. Вежбајте медитација

Препуштете се на сегашниот момент. Оставете го мозокот да скита и обидувајте се медитацијата да ја практикувате секојдневно.

5. Пијте чај

Одреден вид на чај наречен „Кава“ е потврдено дека ја намалува анксиозноста. Многу студии потврдуваат дека една шолја чај дневно добро влијае на релаксирање на организмот.

6. Гледајте нешто смешно

Смеењето помага за ослободување на допамин во вашето тело, па така се намалуваат хормоните за стрес кои се врзани за анксиозноста.

7. Визуализација

Замислете место каде што сте безбедни и дека во моментот сте таму. Плажа, планина, што и да е она што ве опушта. Ќе ве исполни со позитивни чувства и на тој начин повеќе ќе се лачи допаминот, а вие ќе бидете посмирени.

8. Гума за џвакање

Гумата за џвакање исто така може да помогне. Според спроведена студија, лицата кои џвакаат гума за џвакање два пати на ден во текот на две недели, чувствуваат помалку анксиозност од оние кои не џвакаат.

9. Наградете се себеси

Откако ќе завршите одредена обврска, која особено ви предизвикувала стрес, наградете се себеси со нешто што ви се допаѓа. Наградете се и откако ќе се справите со тежок момент проследен со анксиозност.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот