X
 24.01.2018 Наука

„Главен виновник за глобалното затоплување е човекот!“


Топење на мразот
(Фото: Pixabay)


Со над 3.000 учесници, политичари, бизнисмени, научници, активисти и говорници од целиот свет, во северниот норвешки град Тромсо, кој се наоѓа во близина на поларниот круг, во понеделникот беше отворена меѓународната Arctic Frontier конференција за климатските промени во светот.

Организаторите сметаат дека додека во светот превирањата стануваат сè посилни, Арктикот опстанува како место за соработка и мирољубива комуникација. За да се негуваат добрососедските односи на северот, особено е важна научната соработка. Непрегледниот океан, кој опфаќа најголем дел од арктичката област, носи огромен потенцијал, но исто така претставува и закана.

Тие додаваат дека со оглед на фактот што сè поголем дел од океанот почнува да се користи, многу е важен начинот на комуникација и спроведување на потраги и спасувачки мисии. Но, уште поважно е како да се обезбеди продуктивен и здрав океан. Одржливиот развој на океанот е од особено значење. Одржливиот деловен развој исто така е клуч за силни арктички друштва.

Меѓусебното поврзување на овие здруженија, но и приближувањето на идеите, знаењата, технологиите и капиталот од другите делови на светот е прашање од особено значење за политиката на арктичкото погранично подрачје во 2018 година. За 2018 година, програмата опфаќа пет главни сесии со следните работни наслови: „Состојбата на Арктикот“, „Технологијата и поврзаноста“, „Силни арктички друштва и деловен развој“, „Здравје и продуктивност на океанот“ и „Индустрија и екологија“.

Меѓу говорниците на конференцијата е и министерката за надворешни работи на Норвешка, Ине Ериксен Сореиде, која на воведниот панел говореше заедно со колегите Микаел Дамберг, министер за иновации во шведската влада, Аса Ларсон-Блинд, претседателка на собранието Сами во Шведска, Антја Боетиус, директорката на Институтот за поларни и поморски истражувања „Алфред Вегенер“ од Германија, а како модератор учествуваше Стивен Сакар, популарниот новинар од Би-би-си.

Над 70 говорници, еминентни експерти во соодветни области ќе учествуваат на петдневната конференција во Тромсо. 

Неодамна организацијата Arctic Frontiers беше номинирана за Нобелова награда.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука