X
 14.12.2016 Живот

Милијардерите против глобалното затоплување

gejts

 

Ко-основачот на „Microsoft“ и најбогатиот човек во светот, Бил Гејтс, собра група од неколку најбогати луѓе во светот кои ќе донираат повеќе од милијарда долари за развој и истражување на иновативна технологија во областа на чиста енергија и со тоа ќе придонесат за борба против глобалните климатски промени.


Партнерството наречено „Breakthrough Energy Ventures“ (BEV), покрај Гејтсго сочинуваат и Џеф Безос, основачот и сопственик на „Amazon“, Џорџ Сорос, Ричард Бренсон и Марк Цукерберг.

Како што е наведено во соопштението од фондацијата „Bill and Melinda Gates“, ова партнерство ќе вложи во производството на економични извори на енергија без емисија на штетни гасови.

Гејтс минатата година најави дека ќе вложи милијарда долари од личното богатство во развој на технологијата за производство на чиста енергија.

Партнерството BEV ќе инвестира во истражувања за употребата на чиста енергија во сообраќајот, производството на електрична енергија, градежништвото и земјоделието, со што ќе се создаде технологија која ќе има потенцијал да ја намали емисијата на штетни гасови.

Тој во видео пораката наведува дека современиот начин на живот троши огромни количини на енергија од што најголем дел потекнува од нафтата и природниот гас кој доведува до климатски промени. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот