X
 23.06.2020 Здравје

Ковид-19: Нови 118 случаи, оздравеле 74, четири града во Македонија без активни случаи

Новозаразени 118 пациенти од Ковид-19, 74 оздравени и четворица починати се регистрирани во изминатите 24 часа во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Дополнително е заведен уште еден пациент кој починал завчера, а денеска стигнале резултатите дека е позитивен на вирусот.

Ова се новите заведени случаи по градови: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5.

Оздравеле во: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица од Скопје - пациент (58 г.) примен на 9 јуни, пациент (73 г.) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73 г.) примена во болницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72 г.) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, од кои 2.048 оздравеле, 251 починале, а во моментов болни се 3.012 пациенти. Ова се последните бројки по градови:

- Скопје 2.588, активни 1.734
- Куманово 703, активни 250
- Дебар 83, активни 31
- Штип 276, активни 186
- Прилеп 235, активни 17
- Тетово 558, активни 322
- Струга 181, активни 101
- Велес 169, активни 34
- Битола 43, активни 14
- Охрид 120, активни 100
- Кавадарци 11, активни 6
- Гостивар 87, активни 50
- Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
- Струмица 12, активни 8
- Крива Паланка 11, активни 5
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 6, активни 3
- Кочани 61, активни 27
- Пробиштип 13, активни 10
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 3, активни 1
- Пехчево 5, активни 2
- Берово 2, активни 1
- Валандово 6, активни 4
- Виница 3, активни 0
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 4, активни 2
- Свети Николе 17, активни 15
- Кичево 9, активни 6
- Ресен 70, активни 69
- Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје