Со цел унапредување на квалитетот на наставата во угостителско-економското училиште во Приедор, Босна и Херцеговина, сите училници се опремени со орманчиња за оставање на мобилните телефони.
фотоизвор: 6yka.com
Идејата е телефоните да не се користат во текот на наставата, а тоа е заедничка одлука на советот на ученици, родители и наставници. Одлуката подразбира сите да се придржуваат кон истите правила, па професорите веднаш ја прифатиле новата идеја.
Учениците велат дека се согласуваат бидејќи на овој начин успеваат да се фокусираат на наставата. Телефоните ги оставаат во орманите пред почетокот на часовите, а можат да ги користат на одморите. Во претходниот период внатрешноста на училиштето била опремена со нов мебел и осветлување.