X
 21.03.2024 Технологија

Заборавена опција на „Фејсбук“, претставена уште во 2004 година, повторно станува популарна

Оние што малку подолго ја користат мрежата на Закерберг ќе се сетат на една веќе малку заборавена опција на „Фејсбук“ - „боцкање“ (англ. poke). Оваа опција беше доста популарна, а нејзината единствена цел беше да го привлечете вниманието на одредена личност на „Фејсбук“, иако некои ја користеа и за флертување. Така, наместо да испраќате пораки, да лајкувате или да коментирате на објави, можевте да ги боцкате пријателите на „Фејсбук“ и потоа да продолжите со разговор.

Но, со текот на времето, таа опција престана да се користи и се чинеше дека целосно исчезна. Сепак, сите овие години корисниците можеа да ги боцкаат своите фејсбук-пријатели, но за да го направат тоа, беше неопходно да одат на посебна страница посветена на боцкањето, каде што има список со сите ваши пријатели и до нив опцијата боцкање.

Но, некој од оваа компанија неодамна дошол до идеја дека би можело повторно да се популаризира боцкањето, така што „Фејсбук“ ги подобри предлозите за тоа кој може да се боцка, додаде можност за боцкање на пријателите кога ги пребарувате на мрежата, а овозможи и полесен пристап до споменатата страница.

fb
Фото: Screenshot/YouTube

Иако се работи за мали промени, тие имаа големо влијание врз користењето на оваа опција. Во текот на минатиот месец боцкањето на „Фејсбук“ се зголеми дури 13 пати, а интересно е што е особено популарно кај помладите корисници.

Закерберг никогаш не ја објасни идејата за боцкањето, а сега кога опцијата повторно оживеа, велат дека тоа е едноставен начин да се поздрави некој.
 
Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија