Кога станува збор за пивото, секој има своја мера. Некои уживаат во половина литар, а други преферираат помали кригли од 3 децилитри од овој популарен пијалак од хмељ. „Lonely Planet“ овој пат пишува каде може да се најде најевтина пинта пиво во светот.
Тоа не мора да биде многу збунувачки за вас, затоа што британската пинта е нешто повеќе од половина литар пиво (568 милилитри), така што овие резултати ќе ве информираат за цените на приближно половина литар од овој пијалок во светот.
Значи, ако случајно се најдете во Каракас, главниот град на Венецуела, не мора да се грижите дали вие ќе нарачате една рунда за целото друштво. Имено, една пинта пиво тука чини 0,58 евра, па ако сте излезени со 6-7 пријатели, една тура за сите ќе ве чини околу 4 евра!
На спротивната страна, град во кој се точи најскапото пиво на светот е Дубаи. Тука просечната цена на пинта пиво изнесува 9,85 евра, така што комбинациите за честење пиво на целото друштво отпаѓаат.
Истражувањето кое е спроведено во 177 светски градови, покажува дека по Дубаи, како градови каде пивото е навистина скапо, следуваат Доха (9,85 евра), Рејкјавик (8,50 евра) и Осло (8,1 евра).
Од друга страна, по Каракас, евтино пиво се служи и во Ташкент (0,67 евра) и Лагос (0,72 евра) кои се наоѓаат на второто и третото место на оваа скала.
На листата се наоѓа и Скопје со цена од 1,58 евра за пинта пиво, но ако ве интересира и за други градови, можете да ѕирнете на следниот
линк.