X
 01.11.2021 Живот

106-годишна Американка вели дека тајната на долговечноста е во пиењето пиво секој ден

Жителка на Пенсилванија, САД, која има 106 години, вели дека тајната на нејзината долговечност е пиењето едно студено пиво на ден.

Маргарет Дилуло не се сеќава кога почнала да пие по едно пиво на ден, но има омилен бренд - „јунглинг“, пренесува „Тудеј“. Минатата недела пиварницата одлучила да ја изненади Маргарет и ѝ подарила цел камион со нејзиното омилено пиво.

- Прекрасно изненадување. Мислам дека тоа е најголемото изненадување во мојот живот. Тоа беше мој ден. Не би можела да имам нешто што би било подобро - - изјавила Маргарет.



Маргарет планира да продолжи со традицијата и да пие по едно пиво на ден.

- Сè додека можам, ќе продолжам. Мислам дека имам доволно „јунглинг“ до крајот на животот - изјавила таа.

Извор: Today
Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот