X
 28.01.2018 Наука

Половина од интелигенцијата е генски предодредена?!


Спирали на ДНК
(Фото: Pixabay)


Не е важно колку учите, половината од  вашата интелигенција се сведува на вашите гени, тврдат научниците од Универзитетот во Единбург.

Освен генетиката, голема улога играат и факторите од околината, какви што се родителите, исхраната и изложеноста на хемикалии во пренаталниот период, пишува „Дејли мејл“.

Новата студија утврди дека постои придонес од ретки вообичаени генски варијанти кои имаат непропорционален ефект врз интелигенцијата.

Научниците истражувале илјадници генски маркери во ДНК кај околу 20.000 луѓе, барајќи сигнали поврзани со коефициентот на интелигенција.

Тие утврдиле дека специфична комбинација од ретки и вообичаени генски варијанти, објаснува најмалку половина од разликите во интелигенцијата меѓу поединци.

Тие моментално детектирале 52 гени кои се поврзани со интелигенцијата, од кои 40 се релативно неодамна откриени.

Во поранешното истражување на Слободниот универзитетот во Амстердам биле анализирани податоци на 78.000 лица, вклучително и ДНК-генотипови и резултати од тестови на интелигенција, што довело до откривање на нови гени и биолошки корени на интелигенцијата.

Исто така, утврдено е дека многу луѓе со вакви гени имаат и други заеднички особини, вклучително и дека се високи, слаби и најверојатно – непушачи.

Тие, исто така, имаат помалку изгледи да заболат од Алцхајмерова болест, депресија, шизофренија и дебелина.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука