X
 28.01.2018 Живот

Уметник совршено објаснува зошто депресијата предизвикува умор и неволност

депресија
Фото: Twitter

Еден уметник сподели серија твитови и цртежи објаснувајќи зошто луѓето со проблеми во менталното здравје може да страдаат од замор. За кратко време нејзиниот пост стана доста популарен.

На Полин Палита, 23-годишна застапничка за менталното здравје од Филипините, ѝ било дијагностицирано биполарно однесување на 19 години. Таа одлучила да ја започне темата бидејќи била уморна од тоа луѓето погрешно да ја сфаќаат. Исто така, таа сакала да ја подигне свеста за депресијата.

Таа објаснува дека кога луѓето ја прашуваат дали е во ред, обично одговара: „Во ред сум, само сум уморна“ - токму уморот кај неа е „факт за животот“.

„Уморна сум од луѓето што едноставно не разбираат или не сакаат да разберат. Затоа одлучив да објаснам какво е навистина чувството - детаљ до детаљ. Решив да бидам гласот и да застанам бидејќи знам дека постојат многу луѓе како мене што се борат со истите тивки битки.

Знам како е кога човек мора да се справи со ваков вид болест, чувството некој да не ја сфати сериозно вашата состојба. Знам дека постојат многу луѓе што не можат да зборуваат за нивната состојба, така што она што можам да го направам е да ја подигнам свеста за еден ден стигмата околу менталните болести да заврши“, вели Полин.

polin
Фото: Pauline Palita

Постот на Полин истражува како некои луѓе постојано се борат со сопствениот ум и не можат да се разбудат свежи како секоја просечна личност. Таа вели дека тоа е како батерија што е оштетена и што никогаш не се полни соодветно. Други работи посочени од Полин вклучуваат проблеми со меморијата, напорите потребни за да се фокусира на одредена задача во текот на денот и сензорно преоптоварување - како што луѓето се обидуваат да се справат со очекувањата што општеството им ги наметнува.

Полин вели дека обично црта кога е во депресивна епизода, како начин да се справи со нејзиното ментално здравје.

Луѓето на „Твитер“ не можеа да ѝ се заблагодарат доволно за покренувањето на некои од проблемите со кои се соочуваат. Полин не се ни надевала дека нејзиниот пост ќе предизвика толку внимание.

„Среќна сум што го покренав прашањето за многу луѓе да прочитаат, да се едуцираат и да ја споделат свеста. Среќна сум и што ги слушнав нивните приказни. Ме натераа да сфатам дека ова што го правам е навистина одлично“, вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот