„Гугл“ ја објави новата божиќна реклама за својот „Гугл Асистент“. И можеби рекламата немаше воопшто да привлече внимание ако не беше поврзана со филмот кој сите ги асоцира на новогодишните и божиќните празници.
Станува збор за филмот „Сам дома“ и актерот Меколи Калкин, кој пред речиси три децении го глумеше итриот Кевин Мекалистер.
Сега во рекламата е претставено каков би бил Кевин како возрасен и како би живеел со сите предности на технологијата. Тој додава лосион за по бричење на својата шопинг-листа, си поставува потсетници и ги одвраќа бандитите, сето тоа без да мрдне со прст, а со помош на најновите технологии.
Погледнете ја рекламата која за само неколку часа стана хит на интернет.