Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за сместување ученици во ученичките домови во учебната 2023/2024 година.
На веб-страницата на МОН се објавени листи со примени ученици во девет ученички домови: „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, „Лазар Лазаревски“ во Велес, „Ванчо Питошевски“ во Охрид, „Кочо Рацин“ во Свети Николе, „Мирка Гинова“ во Битола.
Четири од деветте ученички домови се во Скопје: „Д-р Панче Караѓозов, „Здравко Цветковски“, „Партенија Зографски“ и ученички дом „Димитар Влахов“
ТУКА можете да ги видите листите.
Извор: МИА