X
 09.02.2018 Живот

Кој е следниот проект на Бил Гејтс?

гејтс

Бил Гејтс некогаш доминираше во технолошката индустрија, а до неодамна беше и најбогатиот човек во светот. Сега тој го претстави својот нов проект: револуционализирање на тоалетот.

Тој и неговата сопруга Мелинда се обидуваат да решат проблем со кој се соочуваат над 2 милијарди луѓе во светот - пристап до чиста вода. Истражување спроведено од Центарот за контрола и болести покажува дека повеќе од 88 отсто од смртните случаи во светот се предизвикани од болести добиени поради нехигиенски услови за живот. Овие болести убиваат повеќе деца отколку маларијата, сипаниците и сидата.

Од 2011 година Гејтс доделува грантови преку Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за „Повторна иновација на предизвикот за тоалетот“, чија цел е да се изнајде нов начин за справување со отпадот од тоалетите што не вклучува континуирано пумпање вода во и надвор од цевководите. Повеќето области од светот што се засегнати од небезбедна вода ја немаат инфраструктурата за поддршка на таквите системи. Наместо тоа, Гејтс бара хемиски решенија што ќе ги неутрализираат потенцијалните агенти што носат болести, така што и индиските градови да имаат тоалет исто добар колку и луѓето на Запад.

Уште од 2011 година се даваат вакви видови награди. Дизајнот за „наномембрански тоалет“ првпат добил 710.000 долари во 2012 година, а потоа добил уште повеќе пари на крајот од 2016 година. Сега се тестира за ефикасност во Гана.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот