X
 30.05.2018 Живот

Астронаут од НАСА објаснува како се оди во тоалет во вселената

Пеги Витсон, aстронаут од НАСА, понекогаш со солзи во очите кажува дека веќе нема да се врати во вселената. Шефицата на Меѓународната вселенска станица има поминато 665 дена во вселената.

Од насмевката која зрачи на нејзиното лице и од енергичното и живо смеење станува јасно дека таа го сака речиси секој аспект од работата.

- Да се биде дел од истражување на таков директен начин е неверојатно задоволително и пријатно - вели таа.

Но, има еден аспект од животот во вселената за кој Витсон вели дека воопшто нема да ѝ недостига, а тоа е тоалетот.

- Вселенската станица не е некој хотел. Би го нарекла кампување - вели Витсон.

Тоалетот во станицата не бил толку лош како оној што астронаутите некогаш морале да го користат на мисии како „Аполо“, но рускиот тоалет, кој чини 19.000 долари, исто така не е од прва класа.

- Уринирањето е релативно лесно - објаснува Витсон.


Фото: Business Insider

За тоа астронаутите користат инка опремена со вентилатор кој ја ишмукува нивната урина за да не отплови. (Погледнете го жолтиот конус во десниот горен агол. Таму оди урината.) Потоа се потребни околу осум дена течноста да стане вода за пиење за астронаутите.

Но, Витсон вели дека ако морате да правите нешто повеќе од едноставно уринирање, работите не се толку едноставни.

- Второто е поголем предизвик бидејќи се обидувате да погодите прилично мала цел - вели таа.

Астронаутите вршат нужда во мала дупка, голема колку една чинија, која се наоѓа на сребрената канта која може да ја видите на сликата. Притоа се користи вентилаторот за да се ишмука изметот, кој потоа завршува во кеса.

- Кога ќе почне да се полни, морате да ставите ракавици и да го спакувате тоа - објаснува Витсон со гримаса на лицето.

Понекогаш процесот не се одвива како што треба или тоалетот е во дефект, па астронаутите мораат да го ловат изметот. На крајот изметот оди на брод полн со ѓубре кој се праќа во самоубиствена мисија кон атмосферата на Земјата. Истовремено, околу 80 до 85 отсто од урината се рециклираат во вода за пиење.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот