X
 06.12.2016 Наука

Новата инвестиција на Бил Гејтс

Четири години откако Финдацијата Бил и Мелинда Гејтс додели награда во вредност од 710.000 долари за развивање на револуционерниот безводна тоалетна шолја, технологијата доби втор финансиски поттик.

„The Nano Membrane Toilet“ како што иноваторите од Универзитетот Кранфилд го нарекуваат сега доби дополнителен грант кој е значително повеќе од сите претходни истражувања, изјавил портпаролот на Кранфилд кој одбил да ја даде точната сума. Научниците ќе ги искористат парите за да продолжат со развој на лабораториски прототип.


тоалетна шолја


Нивната мисија е важна. Проценката покажува дека 2.4 милијарда луѓе и денес живеат во несанитарни услови. Без пристап до чиста вода за пиење, ризичните заедници се соочуваат со болести опасно по живот. „Nano Membrane“ не користи вода и е лесна за употреба, а има за цел да го надомести овој недостаток.

Алисон Паркер, предавач на Институтот Кренфилд вели дека дизајнот на нејзиниот тим има за цел да служи во сиромашните урбани области.


тоалет


Како тоалетот работи?

Кога едно лице ќе заврши со користењето го затвора капакот, а садот кој е вграден во ВЦ шолјата се врти за 270 степени да го депонира отпадот под земја. Четка го брише остатокот од отпадот во садот. Цврстиот отпад останува на дното додека течноста се издига на врвот. Екстремните тенки влакна како нонофибри се наредени во снопови во внатрешноста на комората. Тие помагаат да се движи водената пареа што се појавува како дел од течниот отпад во вертикалната цевка во задниот дел од тоалетот.

Следно водата поминува низ специјално дизајнираните кеси кои помагаат да се кондензира пареата во вистинска вода, која тече низ цевката и се населува во резервоарот во предниот дел од тоалетот.

Секоја недела локален техничар доаѓа во заедницата за да го отстрани цврстиот отпад и вода и ги заменува батериите на тоалетот доколку е потребно. Цврстиот отпад потоа завршува во фабрика за термо-обработка и се претвора во енергија што заедницата ја користи.

Погледнете го видеото.

 
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука