X
 04.11.2021 Живот

Овие прекрасни фотографии од Млечниот Пат му пркосат на светлосното загадување

Вселенската фотографија е уметничка форма - слоеви на бои, текстури и форми што не се видливи со голо око можат да се најдат на снимките со долга експозиција за кои може да бидат потребни часови за да се усовршат.

Секоја година, „Кепчр ди атлас“ бара од љубителите на астрономијата низ светот да ги достават своите најгорди моменти доловувајќи ги чудата на галаксијата Млечен Пат.

Победничките слики се оценуваат според квалитетот на сликата, приказната и целокупната инспирација што фотографијата може да им ја даде на ентузијастите.

Единствено нешто што им стои на патот на фотографите е влијанието на светлосното загадување.

Преголемите нивоа на светлина што ги проектираме во нашата природна средина им штетат на ноќните екосистеми и спречуваат да го гледаме нашето небо. Поради влијанието на вештачката светлина, потешко се создава фотографија со висок квалитет.

Тешко е да се најдат вакви сцени низ Европа, а овие фотографии ја истакнуваат важноста.

Ова се некои од најважните моменти на натпреварот.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Euronews.com
Фото: Capture the atlas
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот