X
 31.01.2020 Култура

„Жетон за култура“ ако користите велосипед или јавен превоз во Виена

Виена на јавноста ѝ ја претстави мобилната апликација со чија помош жителите што користат градски превоз, велосипед или одат пешки можат да добијат бесплатен влез за театар или музеј.

Благодарение на системот за следење што препознава користен превоз, заштедата од 20 килограми јаглероден диоксид во однос на истиот пат поминат во автомобил, го обезбедува правото на „жетон за култура“. Потоа секој жетон може да се замени со билет за музеј, изложба, концерт или театар.

Авторката на проектот, Кристина Хубин, изјави дека жетонот може да се заработи ако за доаѓањето и заминувањето од работа, 15 дена по ред, се користи алтернативно превозно средство.

- Намалувањето на јаглеродниот диоксид сакаме да го наградиме со културно искуство - изјави градскиот пратеник задолжен за дигитализација, Питер Ханке.

Австриската коалициска влада, во која учествуваат зелените и конзервативците, а која на почетокот на јануари ја презеде функцијата, сака до 2040 година да ја намали емисијата на јаглероден диоксид на минимум, што е 10 години пред европскиот план.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура