X
 13.02.2018 Култура

„Eye cue“ ќе ја претставуваат Македонија на Евровизија 2018

Познатата македонска група „Eye cue“ ќе ја претставуваат Македонија на овогодинешната Евровизија која ќе се одржи во Лисабон.



Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции.

По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови.

Членови на комисијата: Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска - Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер МК“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски - одговорен уредник во „Вистина МК“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал“ преку глас

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура