X
 06.03.2023 Забава

Југословенски хитови што се натпреварувале на „Евровизија“, но не победиле

Некои евровизиски хитови од поранешна Југославија се слушаат и денес. Овие песни ја претставувале Југославија на „Евровизија“, а ниту една од нив не победила. Меѓутоа, тие сепак биле огромни хитови.

„Гори ватра“ - Здравко Чолиќ (1973)

Црвениот костум и косата до рамена не биле доволни за Здравко Чолиќ да ја освои евровизиската публика со оваа песна во 1973 година и да постигне забележителен резултат. Младата надеж на југословенската сцена освоила 15. место на „Евровизија“. На натпреварот, Чолиќ ја запознал Ани-Фрид Лингстад, пејачка од групата АББА, со која бил во кратка врска.


„Лејла“ - Сеад Мемиќ Вајта (1981)

Сеад Мемиќ Вајта настапувал со оваа песна на изборот во Даблин. Тој го освоил 15. место, а неговата кариера во следните години одела нагоре, до распаѓањето на Југославија, кога се повлекол од сцената.


„Џули“ - Даниел Поповиќ (1983)

Поповиќ успеал да ја победи и Лепа Брена кога се натпреварувал да ја претставува Југославија на „Евровизија“ во 1983 година. На „Евровизија“, Југославија завршила на 4 место благодарение на неговиот хит, кој се слуша и денес. До 1989 година, кога групата „Рива“ победила, тоа бил најдобар пласман на Југославија на овој натпревар.


„Жељо моја“ - Дорис Драговиќ (1986)

Дорис Драговиќ ја претставувала Југославија со оваа песна на „Евровизија“, кога таа се одржувала во Норвешка. Драговиќ завршила на 11. место.


„Ја сам за плес“ - „Нови фосили“ (1987)

Југославија ја испратила оваа песна на „Евровизија“ во 1987 година. Песната била хит со децении потоа, а освоила 4. место.


„Хајде да лудујемо“ - Тајчи (1990)

Пејачката Тајчи настапувала со оваа песна на домашен терен, во Загреб. Таа завршила на 7. место.


„Бразил“ - Драгана Шариќ - Беби Дол (1991)

Ова бил претпоследен настап на Југославија на „Евровизија“. Песната освоила само еден бод, од Малта, и завршила на претпоследно место. Единствениот полош резултат за Југославија бил забележан во 1964 година кога Сабахудин Курт освоил нула бодови.


Извор: BBC
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава