X
 16.02.2018 Живот

Германските работници добија право на 28-часовна работна недела

rabota
Фото: Getty Images

Синдикатот за труд „ИГ Метал“ оваа недела обезбеди договор без преседан за да им даде на своите 2,3 милиона членови пофлексибилно работно време и голем пораст на платите.

Од наредната година работниците во повеќето германски инженерски фирми, како што е „Мерцедес-Бенц“, ќе можат да изберат 28 часа работно време до две години пред да се вратат на стандардната 35-часовна работна недела.

Договорот бил преговаран со претставници на повеќе од 700 компании во Југозападна Германија. Се очекува да има ефект врз целата германска индустрија.

„Ова поставува стандард за сите други“, вели Меган Грин, главен економист на „Манулајф Асет менаџмент“.

„ИГ Метал“ изјави дека флексибилноста ќе им помогне на вработените што сакаат да се грижат за своите деца или роднини. Платата ќе се намали со цел да ја одрази пократката работна недела. Договорот исто така им овозможува на работниците да работат 40 часа за да заработат повеќе.

„Може да се очекува слични договори да дојдат наскоро и во други сектори и региони“, изјави Фем Крумулер, партнер во „Опен ситиз“, консалтинг-компанија за политички ризик.

И работниците што не се во синдикат би можеле да имаат корист од договорот бидејќи фирмите што вработуваат нудат слични услови за нивната поширока работна сила.

Корпорацијата „Даимлер“, под која се наоѓа „Мерцедес-Бенц“, изјави дека новите флексибилни работни часови ќе почнат да се нудат од 2019 година, но истакна дека веќе понуди доста флексибилни работни опции.

„Бош“ веќе има вработено 138.000 луѓе во Германија и изјави дека ќе ги понуди истите зголемувања на платите и бенефициите за повеќето германски работници, а флексибилните часа нема да имаат лош ефект.

„’Бош‘ веќе има 100 различни работни часа за да обезбеди оптимална рамнотежа помеѓу работата и животот“, изјави портпаролот на компанијата, Симон Шмит.

Но на другите компании може да им биде потешко да го прифатат ова. „Судвестметал“, здружението на работодавци кое го прифати договорот, изјави дека станува збор за компромис со „болни елементи“, додавајќи дека ќе биде тешко за многу компании.

Портпаролот на здружението, Вокер Штајнмаер, изјави дека пократката работна недела може да доведе до недостиг на работната сила. Сепак, повеќето работници најверојатно ќе сакаат да работат дополнителни часови за да заработат повеќе пари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот