X
 10.07.2019 Живот

Јапонија воведува четиридневна работна недела, а работниците добиваат плата за 5 дена

Ако некогаш сте посакале викендот да дојде побрзо, тогаш имаме одлични вести. Во Јапонија овој сон им се оствари на работниците. Во неколку јапонски компании на луѓето им е овозможено да уживаат во нивните викенди по четиридневна работа, а се платени за пет дена.

Јапонските компании се познати по долгите, строги работни часа, но сето тоа наскоро ќе се промени. Неколку компании избраа да пробаат нов распоред што на работниците им овозможува да работат само 4 дена во неделата и да уживаат во подолг викенд. Но, условот е секој вработен да работи 10 часа.

Причината зошто оваа промена е добра е тоа што на работниците им дава поголема флексибилност. Работниците имаат повеќе време да се релаксираат благодарение на долгиот викенд. Посреќни работници исто така значи дека имаат помалку веројатност да дејствуваат на деструктивен начин.

rabotna nedela
Фото: Yomiuri Shimbun/Associated Press/East News

Пократката недела им овозможува на работниците да поминат повеќе време со нивните семејства. Ова е важно за Јапонија, која има највисок број на стари лица во целиот свет. Четиридневната работна недела ќе гарантира дека семејствата може да се грижат подобро за нивните баби и дедовци.

Иако сето ова звучи како сон, постојат неколку негативни работи, а една од нив е работењето 10 часа, што значи дека во текот на неделата имаат помалку слободно време.

Јапонија сè уште е далеку од четиридневната работна недела во секоја компанија. Сепак, на тие што работат во услужни дејности или во полето на медицината најмногу им се потребни овие промени за да бидат поенергични и подобро подготвени за работниот ден.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот