X
 16.02.2018 Образование

Ова се најдобрите студенти на УКИМ



Фото: МИА

Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ денеска им додели награди и пофалници на студенти кои дипломирале со најдобар успех во учебната 2015/2016 година. Седуммина имаат средна оценка 10. Наградите за најдобро дипломираните студенти се доделуваат еднаш годишно, на по еден најдобро дипломиран студент на прв циклус студии на секој факултет на Универзитетот во секоја учебна година. Видот и висината на наградите ги определува ректорот секоја учебна година, во зависност од средствата со кои располага Универзитетот за оваа намена.

Ова се најдобрите студенти:

* Игор Петровски
, дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, на студиската програма - компјутерски науки и инженерство, со средна оценка 10,00.

* Марија Давчева, дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на студиската програма - психологија, со средна оценка 10,00.

* Марко Јосимовски, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, на студиската програма – е-бизнис, со средна оценка 10.00.

* Моника Стојанова, дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, на студиската програма – квалитет и безбедност на храна, со средна оценка 10,00.

* Никола Цветановски, дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на студиската програма – компјутерски технологии и инженерство, со средна оценка 10,00.

* Сашка Грујовска, дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на студиската програма – германски јазик и книжевност (наставна насока), со средна оценка 10,00.


Фото: МИА

* Тамара Митева, дипломирала на Машинскиот факултет во Скопје, на студиската програма – мехатроника, со средна оценка 10,00.

* Марко Костовски, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, на студиската програма - општа медицина, со средна оценка 9,96.

* Божин Трпевски, дипломирал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, со средна оценка 9,95.

* Никола Јовановиќ, дипломирал на Фармацевтскиот факултет во Скопје, на студиската програма - магистер по фармација, со средна оценка 9,93.
 
* Леарт Таравари, дипломирал на Градежниот факултет во Скопје, на студиската програма – градежништво, конструктивна насока, со средна оценка 9,90.

* Викторија Спасовска, дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, на студиската програма - правни студии, со средна оценка 9,88.

* Доминика Робе, дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на студиската програма - пијано, со средна оценка 9,82.

* Ангела Стојановска, дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на студиската програма – драмски актери, со средна оценка 9,81.

* Викторија Дамјаноска, дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на студиската програма – туризам, со средна оценка 9,81.

* Дарко Каланоски, дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, на студиската програма – физичко и здравствено образование, со средна оценка 9,75.

* Елеонора Накевска, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на студиската програма – графика –графички дизајн, со средна оценка 9,71.

* Јовица Грковски
, дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, на студиската програма – металургија и метални материјали, со средна оценка 9,70.

* Туба Салиу, дипломирал на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, на студиската програма - одделенска настава, со средна оценка 9,70.

* Имране Белури, дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје, на студиската програма – доктор по дентална медицина, со средна оценка 9,51.

* Марија Стерјовска, дипломирала на Шумарскиот факултет во Скопје, на студиската програма – озеленување и унапредување на животната средина, со средна оценка 9,47.

* Фатон Калиси, дипломирал на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје, на студиската програма - проектирање и технологија на мебел и ентериер, со средна оценка 9,38.

* Елена Томеска, дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје, на студиската програма – интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, со средна оценка 9,11.


Фото: МИА

Покрај наградите за 23 најдобро дипломирани на УКИМ, на настанот беа врачени и наградите „26 Јули“ на Фондацијата „Франк Манинг“ од Лондон за учебната 2016/2017 и наградите од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ од Машинскиот факултет.

Наградата „26 јули” од средствата на Фондацијата „Франк Манинг” ги добија:

* Сара Спасова
(9,97), Филозофски факултет

* Теодора Јосифовска (9,93), Филолошки факултет „Блаже Конески”

* Мерџан Ѓунтер, (9,90) Економски факултет

* Дамјан Ѓоргиевски (9,85), Факултет за ликовни уметности

* Сања Аврамоска (9,66), Архитектонски факултет

Награди од Фондација „Димитар Стамболиев:

* Фросина Кузмановска, просечна оценка 9,95, Машински факултет

* Ангела Боцеска, просечна оценка 9,80, Машински факултет

* Филип Ефремов, просечна оценка 9,42, Машински факултет

* Тамер Мемедовски, просечна оценка 9,23, Машински факултет

* Влатко Бунтески, Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование