X
 07.02.2020 Образование

Тројца кандидати за студентски лидер, на 13 февруари ќе се гласа

На 13 февруари ќе се гласа новиот студентски лидер, одлучија студентите-претставници на 23. факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката е донесена на седницата за конституирање на Универзитетското студентско собрание во Ректорат, што ја свика ректорот Никола Јанкуловски. Иако според дневниот ред на седницата се планираше денеска да биде избран претседател, сепак, студентите претставници од факултетите укажаа дека не треба да се брза додека не се воспостават правила на игра. Студентите за Факултети.мк споделија дека седницата поминала во одлична работна атмосфера.

На денешната средба била избрана изборна комисија што ќе го надгледува гласањето, биле усвоени правилата за гласање, како и начинот на избирање на студентскиот лидер, односно претседател на УСС.

Пријавени се тројца кандидати за лидер. Тоа се: Борјан Ефтимов од Правниот факултет, Александар Ѓоргиевски од ФИНКИ и Тихо Наумоски од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Сите тројца на 12 февруари во 18 часот во Градежниот факултет ќе ги претстават своите програми. Наредниот ден ќе биде избран кандидатот кој ќе освои најмногу гласови, а мора да има најмалку 24 гласа. Универзитетското студентско собрание брои 46 члена, односно по двајца членови од сите факултети.

Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование