X
 11.04.2015 Забава

Рецептот за збогатување е поедноставен отколку што мислиме

Одвреме-навреме наидуваме на ваква приказна која покажува како некој со мала плата успеал да се збогати. Оваа приказна објаснува како еден обичен домар успеал да собере 8 милиони американски долари, што би било нешто повеќе од 7 милиони евра.


Роналд Рид работел на бензиска станица, а подоцна како домар. Тој умрел како мултимилионер на 92 години. Рид имал акции и имот вредни речиси 8 милиони долари. Поголемиот дел од парите биле донирани во хуманитарни цели. Како успеал во тоа?

Рид не вложувал многу пари. Тој не заработувал многу пари. Тој живеел едноставен живот и заштедувал. Поради тоа, тој секогаш имал одредена сума пари и не се грижел, но продолжувал да живее скромно, иако бил богат.

Експертите ја користат приказната на Рид за да не' научат на ваков живот. Тие велат дека е доволно да се има некаков приход, без разлика колку голем е. Колкава и да е сумата која ја добивате, тоа не значи дека треба да ја потрошите сета, не? Кога луѓето ќе добијат покачување започнуваат да трошат за работи без кои претходно живееле и не им се потребни. Не паѓајте на оваа „замка“.

Потоа, луѓето трошат 90%, 80% или 70% од своите примања, но тоа е непотребно. Изненадува колку малку ни е потребно за да живееме нормално. Се' што трошиме над основното ниво е непотребно. Автомобилот е одличен пример. Не треба многу за да се купи автомобил кој ќе ве однесе од точка А до точка Б. Но, вие собирате за подобар автомобил, зарем не? Потребни ви се кожните седишта?

Животот е полн со бесплатни убави моменти кои не ги забележувате поради вашето претерано трошење. Направете листа од бесплатни активности кои би ги правеле во слободно време. Следниот пат кога ќе посакате да одите на шопинг, прво погледнете во листата.

Секој заштеден денар ставете во на штедна сметка во банка и не грижете се за парите.

Се чини дека рецептот за збогатување е поедноставен отколку што мислиме, нели?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава