Националната морнарница на Колумбија со помош на специјална подморница управувана од далечина успеала да се приближи и да сними видео од „Сан Хосе Галеон“, брод од 18. век кој потонал во близина на брегот на Картагина. Од потонувањето, никој не го видел бродот, сè до неодамна.
Се смета дека шпанскиот брод носел 600 луѓе и 200 тони богатство кога британската морнарница го потопила во 1708 година. Точната локација на бродот не била позната досега. Вредноста на богатството се проценува на денешни 17 милијарди долари. Според колумбиските власти, специјалната подморница се спуштила на длабочина од околу 900 метри за да направи фотографии и видео од остатоците од бродот.
Во 2013 година Колумбија прогласила сопственост на бродот и богатството на него бидејќи тој се наоѓа во нејзините граници. Меѓутоа, Шпанија смета дека бродот ѝ припаѓа, иако можеби станува збор за покомплициран случај бидејќи богатството веројатно било украдено од јужноамерикански држави.
Државите сакаат да имаат сопственост над бродот поради богатството од 200 тони кое го има на него. Колумбиската морнарница го открила бродот во 2015 година и најмногу знае што има на него.
Колумбиските власти не откриле многу за богатството, но се знае дека има златни и сребрени монети, смарагди, како и кинеска керамика, но и стари мечови и оружје.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Freepik