X
 24.02.2018 Живот

Вака принцезата на Данска ги носи своите деца во градинка

данска
Фото: Facebook
Данската принцеза Мери, како и многу нејзини сограѓани, е голем љубител на велосипедот. Токму затоа Данците не се изненадени од фотографијата на која се гледа како своите деца ги носи во градинка со велосипед, и тоа по снегот и на ниски температури.

Светот, пак, е воодушевен и изненаден - освен што таа се грижи за природната средина, не се издвојува од работничката класа со скапи возила, како што прават повеќето членови на кралските семејства низ светот. Мери е одличен пример за своите деца и за многу родители.

Фотографиите на кои се гледа како на снег и на минусни температури ги вози своите близнаци до градинка во Копенхаген станаа вистински хит на социјалните мрежи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот