Сега, повеќе од било кога, учењето за совест во училницата е неопходно. Нашите деца се под стрес и анксиозни. Истото важи и за наставниците и родителите.
Нашите животи се зафатени, и често пати размислуваме за минатото, сегашноста и иднината и се грижиме за тоа. Потребна ни е грижливоста и совеста затоа што не` учи да живееме во сегашноста, да уживаме и да го доживееме она што е пред нас.
Едукаторите знаат дека децата најдобро учат тогаш кога им е удобно, кога се чувствуваат безбедно и опуштено. Замислете ако, заедно со доживотното учење и алатки да станат добри и продуктивни возрасни, ние исто така можеме да им подариме грижливост и совест - користејќи го нивниот ум да водат среќен здрав живот. Од друга страна, наставниците ќе ги користат придобивките од грижливоста исто така - сите знаеме дека среќен наставник има среќна училница.
Преку следење на четирите начини за вклучување на грижливоста во вашата наставна програма, вие ќе успеете да донесете мир во вашата училница.
1. Грижливост преку регулирање на дишењето
Кога сме стресни или вознемирени, често пати вдишуваме длабоко. Со тоа можеме да го искористиме нашиот здив за да го смириме нашето тело и нашиот ум. За да го вежбате ова, потребно е да ја ставите десната рака на вашиот стомак и левата рака на вашите гради, и да го почувствувате вашиот здив. Затворете ги очите за да ви биде поудобно. Обидете се прво самите да го вежбате дишењето, а потоа вклучете ги и вашите ученици. Можете да се вратите на оваа едноставна техника на дишење во текот на денот за да помогнете пред подготовка за тест или за време на тешки ситуации.
2. Грижливоста преку сетилни искуства
Сетилните искуства исто така им помагаат на децата да се фокусираат и релаксираат. Обидете се да слушате релаксирачка музика или други смирувачки звуци во училницата. Исто така, добра идеја е да ги однесете децата да ги слушнат звуците на природата. За да ги фокусирате да допрат до нивниот чувство за допир, речете им да ги затворат очите и дајте им сунѓер и прашајте ги што тие држат. Охрабрете ги да фантазираат, и да ја искористат нивната имагинација.
3. Грижливост преку слики
Сликите ја развиваат детската фантазија. Исто така ова помага во интегрирањето на учењето со претходно знаење. Кога ќе започнете со нова тема во вашата училница, речете им на децата да ги затворат очите и полека раскажувајте им приказна за некое патување. На пример, ако го проучувате океанот, тогаш кажете им да замислат како влегуваат во подводни возила и како ги истражуваат океанските води барајќи риби, животни и растенија. Завршете со релаксација и неколку длабоки вдишувања, а потоа дајте им задача да го нацртаат она што го замислиле па започнете да дискутирате за нивните идеи.
4. Грижливост преку движење
Луѓето се родени да се движат. Нашите далечни предци ги поминувале нивните денови трчајќи или ловејќи за храна. Движењето е природен дел од животот на човекот кој стана луксуз во модерното време. Со тоа што ќе воведете движење во вашата училница, на учениците ќе им помогнете на навлезат во нивниот природен начин на учење. Јогата е едноставна стратегија за движење. Децата можат да ја имитираат нивната животна средина со што ќе го развијат своето самоизразување и самодоверба. Со користење на пози кои одговараат на вашата училница, движењето го правите релевантно и значајно за вашите ученици. Така на пример, ако учите за животните од целиот свет, можете да ги имитирате животните кои ги учите.