X
 09.12.2021 Живот

Родители бараат децата да не носат маски на училиште

„Стоп за задолжителното носење на маски во училиштата“ е иницијатива која ја потпишаа повеќе од 900 родители на деца кои одат на училиште.

Тие бараат носењето маски во училиштата од задолжително да се сведе на препорака и да се има право на избор, а иницијативата ја испратија до речиси сите институции во државава. Родителите сметаат дека вакцинираните и прележаните се гласни и постојано бараат олеснување на мерките, додека децата молчат, дишат низ маски по седум часа, секојденвно им мерат температура (топломер како пиштол во глава), седат на провев и не можат веќе тоа да го издржат.

Истовремено, се повикуваат на „аргументот дека долготрајното носење маски е штетно по здравјето на учениците“, и ова го образложуваат во барањето испратено и до Комисијата за заразни болести и до Министерството за здравство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот