X
 08.02.2017 Живот

Како рекламите во СФРЈ ги предвиделе границите на „нова Европа“

Некогаш словенечките маркетиншки мајстори, поранешна Југославија ја делеле на зона а (Словенија и Хрватска) и зона Б (сите останати). За првата, рекламите биле пософистицирани, а за зона Б поедноставни.


Во декември 2016, ЦИА објавила голем број на географски карти од 70-те години кои покажуваат кои светски подрачја биле во сферата на набљудување на Американците, а една од нив ја прикажува Југославија. ЦИА укажувала на јакнењето на децентрализацијата на Југославија, но за животот на Тито нагласила дека „аспирациите за самостојна Хрватска биле главен извор за напнатоста во југословенскиот политички систем“. За Хрватите се наведува дека се националисти, со исклучок на Далматинците. Хрватскиот национализам се рационализирал со тврдењата дека економскиот придонес на Хрватска во тогашната федерација е „несразмерен со неговото влијание“.

Маркетиншката доктрина за Зона А и Б ја освежил словенечкиот претседател Борут Пахор со тезите за регионализација на ЕУ, за во љубљански весник да ја разработи Димитриј Рупел, поранешниот долгогодишен шеф на словенечката дипломатија. Пахор во своите говори предупредил на реална перспектива за регионализација на ЕУ, според која државите членки би се групирале според своите интереси и геостратешки трендови. Во конфузијата на потрагата за европски идентитет, Рупел предвидува можност за поделба на ЕУ на помали единици, кои според географската положба или интерес би составувале „сродни“ држави.

Рупел Словенија ја гледа во Вишеградската група. Тој предвидува дека Хрватска заедно со Бугарија и Романија би сочинувала источен „мегарегион“, на северот би се здружиле скандинавските и балтичките земји, а во јужниот „мегарегион“ медитеранските членки: Кипар, Грција, Италија, Малта, Португалија и Шпанија. Кога за тоа ќе дојде време, во европскиот источен „мегарегион“ би се вклучиле (по ред) и Србија, Македонија, Црна Гора, Косово, Турција и Украина, наведува Рупел. Политички најсилна група би сочинувале членките на западниот мегарегион: Белгија, Франција, Холандија, Ирска, Луксембург и Германија.

Подетално за овие предвидувања на следниот линк.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот