X
 27.02.2018 Наука

Причината за студениот бран во Европа, ги вознемири научниците


Студен бран во Европа
(Фото: Pixabay)


Студениот бран што ја окова Европа и во британските медиуми го доби името „Beast from the East“ (Ѕверот од Исток), научниците го објаснуваат со порастот на температурите во опсег до 30 степени на Северниот пол, што е повеќе од зимскиот просек за ова подрачје.

Ваквите временски екстреми се случиле во четири години помеѓу 1980 и 2000 година, а сега се повторуваат четири години по ред во последните пет години.

Промената на климата на Северниот пол предизвикала поместувања на студениот воздух кон Европа, а за тоа лесно би можел да биде човечкиот фактор, односно сè почестата последица на брзите климатски промени.

Метеоролошката станица „Кејп Морис Џесуп“ на далечниот север на Гренланд, забележала рекордни 61 степен над просекот за ова географско подрачје само од почетокот на 2018 година, а кои се поврзуваат со растопувањето во зимскиот мрак на Арктикот.

„Никогаш не било олку екстремно“, вели Рут Мотрам, научничка од данскиот Метеоролошки Универзитет.

Ретка снежна бура го погодила Рим во понеделникот, додека Лондон го оковала виулица поради што сите возови биле откажани.

„Главното прашање е дали ваквите појави ќе зачестат. Ова е само еден случај, па тешко е да се направи врска со идните“, вели професорот Ларс Лакшек за британскиот „Телеграф“.

Сепак, резултатите од неодамнешните студии покажуваат дека струењето на топлиот воздух ја зголемува својата зачестеност на Северниот пол, а редукцијата на мразот на Арктичкиот Океан ѝ дозволува на потоплата вода да испарува во атмосферата, што предизвикува мешање на струите и поместување на студен бран кон југ. Згора на тоа, метеорологот Роберт Род истакнува дека поединечни делови од Северниот пол моментално се потопли од Европа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука