X
 26.08.2022 Живот

Горештините во Европа од 2022 ќе станат „нормално лето“ до 2035 година

Топлотниот бран во Европа од 2022 година ќе се претвори во „нормално лето“ до 2035, независно дали човештвото ќе успее да ги намали стакленичките гасови и штетните емисии, покажа ново истражување.

Анализата е направена од Британската метеоролошка агенција, која истражуваше колку брзо се зголемија температурите на Стариот Континент од почетокот на набљудувањата во 1850 година. Податоците потоа беа споредени со модели.

Типичното лето во Централна Европа до 2100 година ќе биде потопло за повеќе од четири Целзиусови степени. Според истражувањето, сите моментални топлотни бранови се предизвикани од глобалното затоплување, главно од согорувањето на фосилните горива.

Велика Британија евидентира рекордни температури за време на топлотните бранови годинава. Во јули во земјата беа измерени температури од 40 Целзиусови степени.
Други земји каде што имаше локални рекордни температури се Шпанија, Португалија, Франција.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот