X
 19.05.2020 Живот

Шпанија во јули ќе почне со тестирање на првиот лет на патници со дигитален здравствен пасош

Првиот лет во светот кој ќе превезува патници со дигитален здравствен пасош кој потврдува дека немаат Ковид-19, летово ќе лета до Канарските острови. Светската организација за туризам на Обединетите нации работи заедно со властите од Шпанија за споделување и развивање на мерки за повторно заживување на туризмот на безбеден и одржлив начин, вклучувајќи и системи за следење и мерки на претпазливост за заштита на луѓето од Ковид-19.

Јаиза Кастила, министерка за туризам на Канараските острови потврди дека се преземааат неопходните чекори за патниците да можат полесно да патуваат, откако ги објави плановите за летот што ќе биде тест за здравствените работници.



Сите патници кои ќе летаат во јуни и ќе бидат дел од пионерскиот лет ќе имаат дигитален здравствен пасош, односно мобилна апликација развиена од компанијата „Хај+ Кард“, и истражувачите од „Туризам дата дривен солушнс“. Апликацијата ги чува медицинските досиеја заверени од владините здравствени оддели и ќе им овозможи на патниците да патуваат безбедно, да можат лесно да се следат и со непроменливост на нивните податоци.

let
Фото: Unsplash

- Патниците на летот ќе носат уникатен дигитален профил на нивните паметни телефони, каде здравствениот субјект, акредитиран од Министерството за здравство, поставил медицински информации. Ова значи дека се избегнува можноста за создавање лажни профили или манипулирање со медицинските досиеја - вели Антонио Лопез де Авиља, од „Туризам дата дривен солушнс“.


Сè уште не е потврдено на кој остров ќе слета тест-летот, ниту неговата точка на поаѓање. Како и да е, одборот за туризам на Канарските Острови забележа дека доколку летот е успех, шемата би можела да се пренесе преку други дестинации за одмор. Голем број грчки и италијански острови, вклучувајќи ги Санторини, Крит и Капри, исто така размислуваат за воведување на здравствени пасоши за меѓународни пристигнувања.

Веста доаѓа откако г-ѓа Кастиља изјави дека сака да ги направи Канарските острови „светска лабораторија за безбедност на туризмот“, откривајќи дека Тенерифе, Гран Канарија и Ланзароте ќе претрпат детално реновирање за локалните жители и посетителите да бидат безбедни од коронавирусот. Стапката на заразени остана ниска на Канарските Острови, а официјалните лица се надеваат дека туризмот би можел да се отвори повторно кон локалното население ова лето, а потоа следат жителите од копнена Шпанија, а потоа и меѓународните посетители подоцна во текот на годината, се вели во извештајот на Институтот за статистика.

- Во овие исклучителни времиња, во кои пандемијата ја затресе светската економија и се закани на нашиот туристички сектор, иновацијата станува камен-темелник на закрепнувањето - изјави генералниот секретар на Светската организација за туризам на Обединетите нации, Зураб Пололикашиви, во врска со летот за здравствени пасоши.

- Патувањата повеќе нема да бидат како порано. Напротив, тие ќе станат побезбедни и поодржливи за да продолжат да даваат бенефиции за нациите и заедниците - додаде тој.

Извор: Lonely Planet
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот