X
 01.03.2018 Образование

Најдобрите европски земји за студирање


Градска панорама
(Фото: Thinkstock)



Веб порталот Study.eu ги објави резултатите од истражувањето во врска со тоа кои земји се најповолни за студенти, пренесува „Лонли планет“.

Земјите се рангирани врз основа на многу фактори, како што се квалитетот на образовната програма (одлучувачки фактор кој претставува 45 проценти од крајната оценка), достапноста на образованието, квалитетот на студентскиот живот, отвореноста на пазарот на труд за странски студенти и личната безбедност.

Истражувањето се врши еднаш годишно, а Германија уште еднаш докажа дека се наоѓа на врвот на листата со европски земји кога станува збор за образованието, со оглед на тоа што има квалитетен образовен систем, повеќето факултети и стручни училишта се финансирани од државата, а студентите поднесуваат само мал дел од трошоците.

Целосната листа изгледа вака:

1. Германија

2. Велика Британија

3. Франција

4. Холандија

5. Русија

6. Швајцарија

7. Шведска

8. Белгија

9. Италија

10. Полска


Инаку, листата не е многу променета во споредба со таа од 2017 година, освен тоа што оваа година меѓу најдобрите се најде и Полска, и тоа на десеттото место.
Дополнителни информации можете да добиете на следниот линк.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование