X
 04.03.2018 Економија

Нацијата што неодамна ја прогласи криптовалутата како легално средство за плаќање

криптовалута
Фото: Pixabay

Маршалските Острови, држава во централниот Пацифик, создале сопствена криптовалута за да соберат пари за да ги платат сметките и да го поттикнат земјоделството.

Оваа мала островска земја соопшти дека е прва во светот што ја признала криптовалутата како свое средство за плаќање бидејќи неделава го усвоила законот за создавање на криптовалутата совреин (Sovereign) или скратено SOV.

Во земјата, каде што живеат 60.000 жители, криптовалутата ќе има еднаков статус со американскиот долар како форма на плаќање.

Првата земја што лансира сопствена криптовалута е Венецуела, која го воведе виртуелниот петро со цел да ги поддржи резервите во нафтата.

Владата на Маршалските Острови соопшти дека криптовалутата совреин ќе биде различна затоа што ќе биде призната како легално средство за плаќање поддржано од владата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија