Криптовалутите, како и повеќето други нови технологии, честопати се нарекуваат „нарушувања“ поради повеќе причини.
Нивните застапници веруваат дека тие ќе ги променат финансиските трансакции и ќе влијаат врз општествениот поредок, додека противниците веруваат дека тие ќе создадат огромен економски меур и дополнителна недоверба во финансиските институции.
Без оглед на тоа со што се согласувате вие, тешко е да се игнорира влијанието што криптовалутите го имаат врз нашиот свет, особено кога станува збор за начинот на кој ги перципираме парите и како тоа влијае врз нашето однесување и чувствата кон нив.
Сите видови валути и генерално парите не се сосема неприродни, но се неверојатно тешки за дефинирање и сфаќање од кој било аспект. Да претпоставиме дека парите се едноставно средство преку кое можеме ефикасно да тргуваме со стоки и услуги од каков било обем и во каква било ситуација.
Се разбира, таквата дефиниција е многу ограничена и не опфаќа работи како што се нееднаквоста во богатството, политичките реалности што постојано ги обликуваат финансиските институции, суптилните разлики помеѓу трговијата, размената, „пазарот“ и така натаму. Но она што може да се разбере е дека парите влијаат врз секој човек на планетата, на еден или на друг начин. Зборуваме за нив, работиме за нив, ги трошиме поради различни причини и се обидуваме да ги акумулираме.
Ова има огромни импликации врз човечката психологија. Богатите, на пример, често се сметаат за помалку емпатични од нивните помалку привилегирани колеги, а за тоа потврдуваат истражувања.
Како што сугерира нивното име, криптовалутите се форма на валута и покрај тоа што се различни од повеќето традиционални форми што се користеа досега. Тие имаат тенденција да имаат слични ефекти врз човековото однесување. Работите како акумулирање богатство и максимирање на капиталот сè уште се огромни за оние што инвестирале во криптовалутите. Оние што потрошиле богатство и акумулираат повеќе богатство, победуваат во играта на криптовалутите со порастот и падот на валутите, како биткоин и етериум.
Сепак, криптовалутите се разликуваат. Самата нивна концепција била наменета за нарушување на сегашниот општествен поредок и начинот на кој се водеа финансиските институции, еден вид „од народот за народот“ валута што ќе ти отстрани лошите квалитети на институции за кои знаеме, како што се корупцијата и алчноста.
На некој начин овие нарушувања се речиси синоним за криптовалутите. На пример, отстранувањето на посредниците лежи во јадрото на оваа нова технологија и гарантира дека секоја трансакција е транспарентна и невозможна за промена.
Криптовалутите се засегнати од човечката психологија
Како што криптовалутите влијаат врз нашата психологија и однесување, и тие се погодени од нив. Како што покажуваат истражувањата од „Гаеа солушнс“, постојат многу психолошки ефекти што придонесуваат за движењата на пазарот на криптовалутите. На пример, стравот од пропуштање често предизвикува луѓето да инвестираат во институции кои можат или не можат да понудат нешто вредно.
Во дигиталната ера луѓето особено вложуваат за да ја прикажат најдобрата верзија од себеси и да привлечат колку што можат повеќе информации од колку што можат повеќе извори. Кога станува збор за криптовалутите, еден единствен напис што може да пријави позитивна промена може да има големо влијание врз новите инвестиции во одредена монета или компанија, придонесувајќи за нејзиниот пораст.
Слично на тоа, пазарот на криптовалутите може не успеал во минатото единствено поради неколку изјави од страна на моќните поединци и институции. Така, на пример, кога започнаа шпекулациите дека Јужна Кореја планира да го забрани тргувањето со криптовалутите, цената на биткоинот порасна бидејќи луѓето се обидуваа да ги зачуваат инвестициите во она што сметаа дека ќе биде огромен пад.
Очигледно е дека луѓето се засегнати и тие влијаат врз сето она што има врска со криптовалутите честопати на исти начини како што се случува со традиционалните форми на пари. Не е неразумно да се претпостави дека криптовалутите ќе продолжат да нѐ засегаат на начини што не можеме да ги разбереме. На пример, некои критичари велат дека криптовалутите нѐ прават поемпатични, наместо помалку, како што се случува со другите валути.
Допрва треба да се разберат ефектите на криптовалутата
Неверојатно е тоа што со технологиите што нарушуваат не знаеме точно како тие ќе го нарушат светот, и дали воопшто започнале. Криптовалутите ни покажаа поинаков начин на спроведување финансиски трансакции и нивното нарушување на финансиите е веќе очигледно, но нивното нарушување на човечката психологија и однесување сѐ уште се во тек. Единствено што можеме да знаеме со сигурност е дека
криптовалутите се тука за да останат и дека нивните ефекти врз човекот ќе продолжат, особено затоа што се спроведуваат повеќе истражувања.