X
 28.11.2017 Живот

Како се збогатил „кинескиот Стив Џобс“?


Леи Џун заработил седум милијарди долари правејќи стилизирани и евтини паметни телефони. Тој е еден од најбогатите луѓе во Кина, а го споредуваат и со Стив Џобс. Но неговата беспрекорна репутација е доведена во прашање по објавувањето на Рајските документи.

Имено, документите покажуваат дека Џун го добил своето богатство со „копање“ биткоини и тоа преку врски со најголемиот светски произведувач на опрема за производство на криптовалути.

Врската помеѓу Џун и компанијата „Битмеин“ е интересна бидејќи технолошкиот милијардер никогаш јавно не покажал интерес за криптовалутите.

„Битмеин“ отсекогаш тврдела дека се финансира самостојно, главно преку коосновачот Џихан Ву, и дека од неодамна добила надворешни инвестиции.

Односот на Џун со компанијата не е целосно јасен. Според базата на податоци на Рајските документи, два ентитета што ги контролирал Џун се поврзани со консултантската фирма „Пекинг Чангтон“, која е во врска со четири субјекти под контрола на „Битмеин“.

Во откриените документи оваа врска е класифицирана под „Останато“, што би можело да значи дека фирмата на Џун има акции во основачките компании на „Битмеин“.

„Битмеин“ тврди дека произведува околу 70 отсто од опремата за производство на криптовалутите во светот. Рударите на биткоин користат големи компјутерски ресурси и огромна количина енергија за да дојдат до заработка во вид на биткоини. Мрежата на биткоини годишно троши струја колку една држава.

„Битмеин“ доминира во светот на криптовалутите. Освен производство на специјализирани алатки, компанијата дизајнира и силикон. Се чини дека станува збор за доста профитабилна фирма. Се смета дека минатата година „Битмеин“ ѝ платила 400 милиони долари на ТSCM, најголемата компанија во светот за производство на чипови, за да направи специфично дизајниран силикон за нејзините уреди.

Според последниот извештај, пет отсто од заработката на TSMC доаѓаат од криптовалутите, а „Битмеин“ е единствен познат произведувач на опрема за копање биткоини. Според една процена, само за најновата платформа „Битмеин“ оваа година заработи 250 милиони долари. Таа би можела да биде уште една победничка инвестиција за кинескиот богаташ.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот