Јапонски истражувачи неодамна извршија серија експерименти при тренирање неутрална мрежа да интерпретира скенови од функционална магнетна резонанција (ФМРИ). Претходната работа на тоа поле имаше слични резултати, но разликата е во новиот метод, кој вклучува и како е тренирана вештачката интелигенција.
Фото: The Next Web
Функционалната магнетна резонанција е безбедно скенирање на мозокот слично на нормална магнетна резонанција, но разликата е во тоа што функционалната само ги покажува промените во протокот на крвта. Сликите од овие скенирања можат да бидат интерпретирани од вештачки интелигентен систем и да бидат преведени во визуелно претставување на мислите на лицето што било скенирано. Ова не е нешто ново, но новост е како машината ги добива податоците. Во претходните истражувања групата користеше неутрална мрежа која била претходно тренирана за регуларни слики. Резултатите беа интерпретации од скенирања на мозокот базирани на други регистрирани слики.
Сликите покажуваат што човекот видел и три различни начини на кои вештачката интелигенција ги интерпретирала скеновите од функционалната магнетна резонанција. Секоја фотографија е создадена од неутрална мрежа тренирана за препознавање слики користејќи голем збир податоци од регуларни слики. Сега се тренира само со слики од скенирања на мозок.
Во основа, стариот начин беше како на некого да му се покажат неколку слики и да го прашаат да интерпретира некој отпечаток од мастило како една од тие слики. Сега истражувачите ги користат само отпечатоците и компјутерите треба да пробаат да погодат што претставуваат тие. Системот беше трениран за околу 6.000 слики, што е ништо во споредба со милионите кои ги користат некои нервни мрежи. Недостигот од скенирање на мозокот го отежнува процесот, но како што може да се забележи на сликите, дури и мал примерок од податоци дава возбудливи резултати.
Но, кога станува збор за вештачката интелигенција, ако не сте исплашени, значи не обрнувате доволно внимание. Со вистинските напредоци во неинвазивното мозочно скенирање можно е информациите слични на оние обезбедени со ФМРИ да можат да се собираат од страна на машините преку недетектирачки средства. Вештачката интелигенција би можела хипотетички да ги интерпретира нашите мозочни бранови додека сме, на пример, на аеродром. Би можела да скенира потенцијално заканувачки ментални слики, како бомби или оружје, и да ги алармира безбедносните служби. Постои можност технологијата да биде искористена и од страна на владините агенции за заобиколување на правата на некое лице. Од друга страна, можеби оваа технологија ќе отвори свет на телекинетичка комуникација преку „Фејсбук“. Можеби во иднина ќе можеме да ги контролираме нашите направи преку посветување мал дел од „окото на нашиот мозок“ на визуализирање на некое дејствие и мислење „испрати“ или нешто слично.
Сепак, ако не им верувате на полиграфите, дефинитивно не сте подготвени за иднина со вештачка интелигенција каде што компјутерите ќе можат да ви ги прочитаат
мислите.