Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун го повика на средба американскиот претседател Доналд Трамп, кој на „Твитер“ објави дека е подготвен за таква средба, јавува
Би-би-си.
Разговорите би требало да се одржат во мај. Според пишувањата на британските медиуми, повикот на Ким Јонг-ун упатен до американскиот претседател го пренеле членовите на делегацијата од Јужна Кореја кои допатувале во Вашингтон по дводневните разговори со севернокорејската делегација во Пјонгјанг.
Разговорите меѓу двете делегации, на кои во еден момент присуствувал и лидерот на Северна Кореја лично, резултирале со изненадувачката порака на Јонг-ун дека е подготвен да стави „вето“ на развојот на нуклеарното оружје во својата земја доколку добијат меѓународни гаранции дека нема да има закани кон земјата.
Трамп, како што и самиот објави на својот твитер-профил, ја прифатил поканата, но порачал дека санкциите кон Северна Кореја остануваат во сила сè додека најавените ветувања на Ким не се стават на хартија.
Досега ниту еден претседател на САД не се состанал со некој од лидерите на Северна Кореја.
Веќе се шпекулира дека таа средба навистина би можела да се одржи. Како што пишува „
Гардијан“, вилата на Трамп на Флорида можеби и не е таква опција, туку историската средба би можела да се одржи во Њујорк, Женева или можеби и во Пјонгјанг.