X
 24.04.2018 Наука

Заблудата поврзана со странските зборови: Дали го знаете вистинското значење на „велнес“ и „спа“?

Зборовите што сме ги позајмиле од германскиот и од англискиот кај нас цврсто се удомија, но малку луѓе се прашуваат што тие навистина значат.

Странските зборови малку по малку се вовлекуваат во нашите разговори, а кај обожавателите на патувањата зборовите како велнес, глампинг или бакет-лист не се непознати. Но дали знаете како настанале? Бакет-лист („bucket list“) во буквален превод значи листа што се фрла во канта, а претставува дестинација што би сакале да ја посетиме додека сè уште сме живи, а некои британски етимолози создавањето на овој израз го поистоветуваат со колоквијализмот за смрт што има корени од 16 век. Тогаш се велело „се удира кантата“ како еуфемизам за умирање. Но изразот „бакет-лист“ е стар не повеќе од 11 години, а се поврзува со истоимениот филм во кој Морган Фриман и Џек Николсон се „натпреваруваат“ против смртта така што се обидуваат да направат што повеќе работи пред таа да ги стигне.

„Велнес“


Изразот „велнес“ навлезе во секојдневниот говор пред петнаесетина години. Се претпоставува дека е синоним за одмор што настанал со спојување на зборовите „well-being“ и „fitness“. Во 60-тите години на 20 век го користел лекарот Халберт Л.Дун и го опишал како опуштена состојба на умот, телото и духот.

„Глампинг“

Овој збор значи гламурозно кампување, односно начин на кој софистицираните патници се одмораат во природа - најчесто во веќе поставени шатори или куќарки за одмор. Еден од најпопуларните британски зборови наводно се појавил во 2005 година, а во 2010 година зел замав и планетарно се проширил.

„Вандерласт“

Зборот е изведенка од германските зборови „пешачење“ и „желба“ и означува мечтаење за долги патувања. Наводно бил забележан во Британија уште во 1902 година, а според резултатите на „Гугл“, овој збор бил најпопуларен во 2012 година. Многу Британци сметаат дека доаѓа од зборот „wander“ што значи лута.

„Спа-центар“


Зборот „спа“ е скратеница од санус пер акуам, што на латински значи „здравје од вода“. Од многу одамна древните Римјани се запознале со благодатите на термалните извори, а денес под „спа“ се подразбираат и најразличните природни третмани со кал, алги и минерални препарати.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука