X
 21.09.2016 Образование

Што мислат Германците за училиштата со целодневна настава?

За разлика од повеќето други европски земји, Германија сѐ уште има голем број на основни и средни училишта, кои работат со скратено работно време. Но, според една студија се откри дека германските родители сѐ всушност посреќни со целодневна училишна програма.

Врати се дома за ручек, или остани на училиште за попладневните часови, колку долг треба да биде еден школски ден? Во повеќето европски држави, тоа дури не е ни проблем. Барем не на Запад, но Германија долго време беше исклучок.

Додека целодневната грижа во училиштата беше норма во комунистичка Источна Германија, училишниот ден за децата од Западна Германија завршуваше околу пладне. Првите неколку целодневни училишта биле отворени во Касел и Франкфурт во 1958 година, а денес Германија има повеќе од 16.000 целодневни училишта.


целодневна настава


Според една нова анкета објавена во Понеделникот од страна на фондацијата “Bertelsmann“ учеството на учениците во текот на целодневниот престој на училиште беше околу 10 проценти во 2002 година. Но од учебната година 2014/2015, на национално ниво фигурира за повеќе од три пати за речиси 38 отсто, и бројот на училишта, регистрирани со полно работно време порасна до речиси 60 проценти.


Влијание врз детскиот развој

Родителите на децата кои посетуваат целодневна настава сѐ  повеќе задоволни од училиштето и часовите на кои присуствуваат децата, отколку родителите на учениците кои одат на училиште со скратена наставна програма- покажа анкетата насловена “Како родителите гледаат на целодневните наставни училишта: Очекувања, искуства, барања за промени“.

Резултатите покажале дека родителите на учениците кои посетуваат целодневна училишта, се задоволни со содржината и обемот на она што нивните деца го учат; тие сметале дека наставниот кадар е компетентен и добро се однесува кон децата и дека училиштата се добро опремени.

"Ние сме задоволни од резултатите од студијата бидејќи “Бертелсман Стифтунг“ е убеден дека целодневните училишта играат важна улога во поттикнување на еднакви можности за децата"- изјавил менаџерот на проектот Никол Холенбах- Биеле за “Дојче Веле“.

Анкетарите интервјуирале повеќе од 4.300 родители на деца на возраст од 6 до 16-години во Германија во февруари 2015 година. Целодневените училишта како што е дефинирано од страна на телото, кое го координира образованието во Германија, на постојаната конференција на министрите за образование и култура (КМК) понудила седум наставни периоди, за најмалку три дена во неделата во основните и средните училишта, вклучувајќи ручек.


Германија


Индивидуална поддршка, број на вработени


“Училиштата со скратена наставна програма сѐ уште се присутни во руралните средини со повеќе традиционални семејни структури. Но често фамилиите во селата едноставно немаат избор: 32 проценти од испитаниците, чии деца посетувале училишта со скратена програма изјавиле дека во близина немало училиште со целодневна настава. Еден на тројца родители, чие дете посетувало целодневно училиште изјавил дека би направил друг избор доколку може да бира“- објаснила Холенбах- Биеле.

Истражувањето открива дека целодневната настава на учење стана дел од секојдневниот живот за повеќето деца. Половина од испитаниците одговориле дека нивните деца учествуваат во волонтерска или задолжителна попладневна програма на училиште.

“Крајно време беше да се постават националните стандардни за квалитет, токму од овие причини. Со оглед на зголемената побарувачка, родителите треба да имаат законско право да ги пратат своите деца во целодневни наставни училишта“- додала Биеле.

И покрај позитивните проценки дадени од родителите во студијата, сепак се бараат решенија за подобрувања во училиштата, водење на грижа за повеќе можности за индивидуалниот напредок на учениците, повеќе вработени и поефективен проток на комуникација меѓу училиштето и родителите. 
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование