X
 22.12.2018 Наука

Прекрасни фотографии од огромен кратер на Марс преполн со мраз

Додека присуството на течна вода на Марс е прашање за кое има голем интерес, знаеме дека има многу заледена вода која ја краси Црвената планета и тоа може да изгледа неверојатно, како што покажуваат новите фотографии од орбитерот на Европската вселенска агенција наречен Марс Експрес.

Орбитерот направил прекрасни фотографии од кратерот наречен Королјев (именуван по рускиот ракетен инженер Сергеј Павлович Королјев), чиј дијаметар е 81,4 километар. Кратерот речиси до горе е полн со недопрен мраз.

Како и на Земјата, така и на Марс има годишни времиња. И како и на Земјата, така и таму потоплите годишни времиња резултираат со намалување на ледот. Но овој кратер, кој е создаден со големо влијание над Марс во неговото дамнешно минатото, е малку чуден.

1
Фото: Science Alert

Дното на кратерот е многу длабоко, повеќе од два километра под обрачот. Од дното на кратерот се крева мраз е дебел 1,8 километар, а дијаметарот му е до 60 километри. Во волумен, тој содржи околу 2.200 кубни километри мраз, иако непознат дел од тоа веројатно е само прашина од Марс.

2
Фото: Science Alert

Кога воздухот патува над мразот, тој се лади и потонува и тоа резултира со слој на студен воздух, кој се наоѓа директно над мразот. Поради тоа што воздухот е слаб спроводник на топлина, овој студен слој дејствува како изолатор кој го штити ледот од потоплиот воздух и така спречува топење.

Истата динамика ја има и кај многу помалиот кратер Лаут, кој има дијаметар од 36 километри.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука