X
 26.10.2019 Култура

Дали знаете како настанал Џокер, омилениот филмски негативец?

Како што Супермен го има Лекс Лутор, Химен - Скелетор, Спајдермен - Зелениот гоблин, така Бетмен отсекогаш го имал Џокер. Зелена коса. Бледо бела кожа. Злобна насмевка. Манијакална смеа. Сето ова е обележје на Џокер. Но, што било инспирација за неговиот лик? Сè почнало со немиот германски експресионистички филм наречен „Човекот кој се смее“.

Речиси 80 години од неговото деби, Џокер се промени и видовме еволуција во неговата кариера, но сè почнало со еден нем филм. Како што објаснува творецот на Бетмен, Боб Кејн, германскиот актер Конрад Вајд бил инспирација за Џокер од самиот почеток.

Сè почнало во 1940 година кога тројца уметници - Бил Фингер, Боб Кејн и Џери Робинсон - направиле свои скици од антихерои. Сè уште постојат несогласувања околу тоа кој всушност го создал Џокер, но факт е дека неговото уметничко раѓање било плод од вкрстувањето на Џокерот од картите и лицето на актерот Конрад Вејт од филмот „Човекот кој се смее“.

Базиран на романот на Виктор Иго со истото име, филмот го прикажува младиот Гвинплејн (Конрад Вајд), чиј татко е осуден на смрт откако го навредил кралот Џејмс II Стјуарт. Но, семејната тортура не завршува тука. Кралот исто така наредил лицето на младиот Гвинплејн трајно да се преобликува и да се добие гротескна насмевка. Гвинплејн на крајот станува актер кој патува и кој заработува пари покажувајќи ѝ го своето осакатено лице на љубопитната публика, сè додека не се заљубува во Деа, која е слепа.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура