Фото: Profimedia
Клингонскиот јазик го измислил лингвистот Марк Окранд, а обожавателите на „Ѕвездени патеки“ со години ги учат неговите основи. Благодарение на добриот дух, смислата за хумор и љубовта кон култната серија, творците на апликацијата „Дуолинго“ во својот систем за учење странски јазици го воведоа и овој јазик.
„Дуолинго“ сам по себе е доста ефикасен и нуди едноставен начин на учење на основата на странските јазици, а познат е и по тоа што е почетна точка за учење на јазиците есперанто и хај валеријан (од „Игра на тронови“).
„
Дуолинго“ го подготвува курсот за клингонски јазик веќе три години. Голем број волонтери помогнале бидејќи го познаваат овој јазик многу подобро од авторот на апликацијата.