X
 23.03.2018 Живот

Што пишува во тестаментот на основачот на ИКЕА?


Основачот на ИКЕА пред продажно место на ИКЕА
(Фото: IKEA)


Основачот на компанијата ИКЕА, Ингвар Кампрад, почина на 27 јануари оваа година. Зад себе ја остави најголемата компанија за производство на мебел во светот, три сина и огромно богатство.

Дали ве интересира кој ќе го наследи сето тоа?

Шведскиот весник „Дагенс нихетер“ објави фотографија од тестаментот на Кампрад напишан рачно, лично од него, каде што стои дека половината од богатството им го остава на своите три сина. Втората половина е наменета за семејната фондација за поддршка на економскиот развој на регионот во Северна Шведска.

„Дагенс нихетер“ проценува дека се работи за околу 750 милиони шведски круни, односно 74 милиони евра, иако не е сосема јасно за што се наменети и како ќе се трошат тие пари. Локалниот весник „Норландска социјалдемократен“ по откривањето на тестаментот објави и сторија за тоа дека Ингвар Кампранд  честопати и со задоволство поминувал време во долината Торна, години по отворањето на најсеверната стоковна куќа на ИКЕА. Таа се наоѓа во градот Хапаранда, во близина на границата со Финска, и ја посетуваат купувачи од Норвешка, Шведска, Финска, па дури и од Русија.

Тестаментот на Кампрад инаку се однесува само на личните средства на основачот. Од друга страна, имотот на компанијата ИКЕА се проценува на околу 61 милијарда евра.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот