Кидија е населба во Саудиска Арабија која треба да стане епицентар на индустријата за видеоигри и е-спорт.
Во населбата, која ќе се простира на 500.000 квадратни метри, ќе има футуристички хотел и згради. Целта е да се привлечат 10 милиони посетители годишно. Главниот стадион ќе има капацитет за 73.000 гости и во него ќе го има најголемиот внатрешен ЛЕД-екран за видеоигри.
Населбата ќе се гради од страна на истоимената компанија „Кидија инвестмент кампани“ (Qiddiya investment company). Целта на компанијата е да организира големи настани и турнири од областа на видеоигрите и е-спортот.
Населбата ќе биде и место на кое ќе бидат сместени главните канцеларии на 30 водечки компании за видеоигри. Саудиска Арабија инвестира милијарди долари во проектот, кој треба да вклучува и воден парк и патека за „Формула 1“.
Извор:
Luxury launches
Насловна фотографија:
Qiddiya