X
 15.07.2021 Живот

Мали гратчиња и селца во Италија нудат по 33.000 долари за да се преселите таму

Сакате да се преселите во идилично мало гратче во Италија? Сега може и да ви платат за да го направите тоа.

Како што некои области во Италија нудеа 2.000 евра за привлекување нови жители, сега и мали гратчиња во Италија нудат по 33.000 долари за оној што сака да се пресели таму, поточно гратчиња и селца лоцирани во областа Калабрија.

Значи, ако сте под 40 години и сакате да се преселите во малечко гратче со помалку од 2.000 жители некаде во јужниот регион Калабрија, ова е совршена можност за вас.

Се разбира, постојат неколку услови што треба да ги исполните за да го добиете тој финансиски стимул. Освен преселувањето во тој град, новите жители ќе мора да се согласат да започнат мал бизнис или да ја пополнат претходната улога во една од специфичните професии што им се потребни на градот.

Освен тоа, мора да се преселите во Калабрија во рок од 90 дена од одобрувањето на вашата апликација. Средствата ќе бидат доставени или преку месечни рати, во период од две до три години, или во еден паушал за поддршка за започнување нов бизнис.

1
Фото: Wikipedia

- Досега имавме огромен интерес за селата, па се надевам дека ако оваа прва шема функционира, веројатно ќе следуваат и други во наредните години. Целта е да се зајакне локалната економија и да се внесе нов живот во малите заедници. Сакаме побарувачката за работни места да ја задоволи понудата, па затоа побаравме од гратчињата да ни кажат каков вид професионалци недостигаат - вели Џанлука Гало, регионален советник во Калабрија.

Со надеж дека ќе привлече млади луѓе кои сакаат да работат, регионот презема иницијатива со цел да ги заживее малите заедници на Калабрија и да спречи нивно изумирање.

ТУКА можете да дознаете повеќе за тоа кои гратчиња во Калабрија имаат ваква шема, како и за начинот на аплицирање.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот